Во тек се пријавувањата за учество на „Седмоноемвриската трка“
Во тек се пријавувањата за учество на
„Седмоноемвриската трка“ која втора година по ред Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија ќе ја организира по повод Општинскиот празник, 7 Ноември. Како што е предвидено, годинава, на 6 ноември, 2022 година, ќе бидат организирани трки на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција.
Пријавувањата за учество на трките се вршат електронски, на веб-страната: https://runnerspot.com/event/Gevgelija... . Котизацијата за учество на трките се движи од 800 до 1000 денари, во зависност од периодот на пријавување, со стартни пакети, во кои се вклучени потребните реквизити за трката.
Според планот за организација, детската трка е предвидена да биде одржана на 5 ноември, на која можат да учествуваат деца на возраст до 13 години, поделени во три категории. Електронското пријавување за учество на детската трка ќе биде отворено наскоро.