АК „7 Ноември“ високо котираше на „Виз Ер Скопски маратон“
АК „7 Ноември“ од Гевгелија преку своите членови
успешно се претстави и на „Виз Ер Скопскиот маратон“, кој се одржа викендот во метрополата, со четири трки. Над 20 члена на АК „7 Ноември“ се наптреваруваа на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон „ЕУ за спортот“ и трката на 5 километри.
На штафетниот маратон, четиричлената екипа составена од Тодор Анчев, Атанас Епов, Ристо Чалков и Никола Ковачев го освоија третото место. Ристо Чалков на трката на 5 километри во категоријата мажи го освои четвртото место, додека Дијана Ѓоргиева на истата трка во женска конкуренција го освои единаесеттото место. Солидни резултати покажаа и останатите членови, обелувајќи го образот на гевгелискиот атлетски клуб и гевгеличани.
Стартот на маратонот, полумаратонот, штафетната маратонска трка, како и трката на пет километри беше пред Собранието, а целта на сите трки повторно беше на Плоштадот „Македонија“.
Традиционално, „Скопскиот маратон“ е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје и поддршка на локалните власти, бројни спортски клубови и асоцијации, под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската Унија.