Реализирани активности на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и СЕПУГС „Арсени Јовков“ за јакнење на меѓуетничката интеграција
Во рамките на Проектот
на УСАИД и Министерството за образование и наука: „Меѓуетничка интеграција во училиштата“, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и партнер-училиштето СЕПУГС „Арсени Јовков“ од Скопје реализираа заеднички активности за јакнење на меѓуетничката кохезија во образовниот систем, јакнење на демократската култура и граѓанското однесување меѓу младите.
Притоа, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и СЕПУГС „Арсени Јовков“- Скопје, беа одиграни ревијални спортски натпревари во баскет, пинг-понг и одбојка помеѓу учениците од училиштата- партнери, а, исто така, беа изработени и транспаренти испишани со пораки на македонски и албански јазик за подигање на еколошката свест, зачувување на животната средина, но и подигање на свеста за негување на моралните вредности кои го обединуваат човештвото.
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието има за цел создавање политичка, социјална и економска клима потребна за одржлива меѓуетничка интеграција во училиштата, во останатите образовни институции, па и во целото општество.