Заслужен аплауз од гевгеличани за „Обвинителка“
Дека,
навистина, „Обвинителка“ е урнебесна комедија, докажа публиката во полната сала на Народниот театар- Гевгелија, гласно и „од душа“ смеејќи се на комичните реплики и фантастичната актерска игра на Магдалена Ризова, Лидија Вукичевиќ и Сашо Ристовски. Почнувајќи од експозицијата, па се до расплетот, оваа претстава- која ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија ја стави на репертоарот за гевгелиските љубители на комедија, но, пред се, и на Лидија Вукичевиќ, на која повозрасните се сеќаваат на нејзините улоги во „Бољи живот“ и „Жикина династија“, будно го задржа вниманието на публиката час и половина, наградувајќи ги актерите со повеќепатен заслужен и долготраен аплауз.
Кога хигиеничарката, барем, за миг ќе стане јавна обвинителка, може ли некој да остане рамнодушен и да не се насмее до солзи?!