Танцовото студио „Мистик“ со нови значајни достигнувања
По успешното
претставување на Интернационалниот натпревар во Белград, Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија се враќа со нови освоени награди од учеството на Меѓународниот натпревар „Салоника опен“ во Солун. Имено, Мистик-членовите ги постигнаа следниве резултати: прво место во категоријата „Хип-хоп мега група“, трето место во категоријата „Јуниори хип-хоп“, влез во финале за Меглена и Марија Аблакова и второ место за Елена Симјановска во категоријата „Деца соло хип-хоп“, прво соло учество за јуниорите Јагода и Михаела, и трето и петто место за Данче и Петја во категоријата „Хип-хоп младинци“.
Задоволен од успешното претставување на Солунскиот меѓународен натпревар, раководителот Александар Аврамов истакна дека успехот на „Мистик“ е резултат на континуираната работа, но и на талентот и трудот на членовите кои несебично се залагаат да ја претстават општина Гевгелија и државата во најдобро светло помеѓу танцовите студија од другите градови и земји.