Заврши Третиот меморијален турнир во баскет „Иван Пенов“
Во чест
и продолжување на споменот на Иван Пенов, на игралиштето кај Детската градинка „Цветови“, именувано по него, се одржа третиот по ред Меморијален турнир во баскет. На годинашниот турнир, се натпреваруваа 12 сениорски, 14 јуниорски и 2 женски екипи. По одигрувањето на натпреварите во периодот од 31 јули до 4 август, со што се одбележа и денот кога е роден Иван Пенов, беа прогласени најдобрите екипи. Имено, победници во Јуниорска категорија се Pelagonia Tiric, Casino Flamingo во сениорска и Red Tigers во женска категорија. Во натпреварот за шут од 3 поени најдобар беше Живко Старделов, за најдобро забивање наградата му припадна на младиот Јордан Кузманов, за МВП на финалето беше избран Никола Бојчев, додека за МВП на турнирот е избран Филип Аблаков.
Плакетите за постигнатите успеси ги додели градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со братот на Иван, Андон Пенов. Градоначалникот Сарамандов го изрази своето задоволство за одличната организација на Турнирот, како и од бројката на пријавени екипи што е показател за успешноста на овој спортски настан, на којшто од година во година учестуваат се поголем број млади. За што исткана дека Општина Гевгелија ќе продолжи да стимулира вакви настани, бидејќи се од огромно значење за социјализација на младите и промоција на спортот.