
Успешна француска вечер
Традиционалната Франкофонска вечер во
организација на активот по француски јазик при СОУ,, Јосиф Јосифовски ” се одржа во Народниот театар во Гевгелија. Учениците се забавуваа заедно со публиката и преку шансони, балет, модерни танци и драмска изведба на комедијата „Бинго“, на интересен и забавен начин ја покажаа убавината на францускиот јазик и култура. Ментори на учениците кои учествуваа на оваа интересна вечер беа Роза Танева, Весна Аризанова, Мирјана Чамџиќ, Ивана Кркотиќ Прошевска. Благодарение на неговиот статут за официјален или ко-официјален јазик во 57 држави,