
Најмладите актери на “Дон Кихот“ се претставија во детските градинки
Најмалата група на драмското студио "Дон Кихот",
кое работи при Домот на култура Гевгелија, ја имаа својата премиера пред најмладите - во Детските градинки во Гевгелија. Седуммина млади актери од 6 до 9 години, се претставија со со претставата за деца "Приказната на Ана“,во режија на Катица Џишева Дупарова. ,„Приказната на Ана“ е текст на Катица Џишева Дупарова преку кој на еден интерактивен начин, како што вели авторот и режисер Дупарова, на малите деца од предучилишна возраст им ги доближува годишните времиња.
Заедно со реалниот лик Ана, публиката ќе се запознае со ветровите Северко и Развигор и нивните господарки Пролетта и Зимата, како и Пеперутката и Буба Мара кои ќе бидат оддувани од битката на двата ветра. Приказната ја завршува Ана најавувајќи ја пролетта со нејзините благодети. Инаку во претставата учествуваат и балерини под менторство на Виолета Чокова..