Попис 2021- Пописен реон 11 (Општини Гевгелија и Дојран)
Тековни активности за Попис 2021 Финишира попишувањето во Пописен реон бр. 11 (Гевгелија и Дојран)
На седум дена пред истекот на законскиот рок за спроведување на Пописот на населението, становите и домаќинствата, финишира попишувањето во нашиот Пописен реон број 11. Според сите информации од терен, попишувањето на подрачјето на општините Гевгелија и Дојран се одвива нормално и според утврдената динамика. До денес, попишани се 90% од граѓаните, домаќинствата и становите на подрачјето на Општина Гевгелија, а нешто над 80% на подрачјето на Општина Дојран. Досега, не се забележани никакви проблеми и потешкотии во попишувањето. Граѓаните во континуитет од 5 септември до денес изразуваат интерес за попишување и соработуваат со попишувачите. Дека постои високо ниво на општествена одговорност кај граѓаните во однос на Пописот, потврдува и фактот што од 5-ти септември до денес преку Комисијата на Пописниот реон 11, над 70 семејства или индивидуални лица најавиле дека втората половина на септември ќе бидат отсутни од Гевгелија и побарале попишувачот да ги посети пред да заминат на одреден период. На ваквите барања им е излезено во пресрет и барателите се попишани. Има примери и ситуации кога Пописот не е направен при првата посета на одредено домаќинство, меѓутоа значајно е дека се работи за повозрасни лица кои изразиле желба пописот да се изврши во присуство на некој од помладите членови на семејството. Инаку, во оваа фаза од Пописот на подрачјето на нашиот Пописен реон веќе се поделени сите пописни кругови што значи дека нема ниедно маало во градот и населените места каде Пописот мирува. Напротив, се очекува претстојниот викенд засилен интензитет за да може од понеделник до четврток, 30 септември кога истекува законскиот рок за спроведување Пописот, времето да биде искористено за попишување на граѓаните / семејствата кои за време на првата посета од страна на попишувачот од одредени причини не биле во можност да бидат попишани.
Како поминаа првите десет дена од Попис 2021 (16.09.2021) Теренските активности за спроведување на Пописот на населението, становите и домаќинствата на подрачјето на Пописниот реон 11 се одвива непречено. По техничките проблеми со апликацијата од стартот на попишувањето, кои беа надминати на крајот на минатата недела, веќе цела седмица пописните активности се одвиваат без проблеми и според планираниот интензитет. Резултатите од терен даваат за право да се констатира дека Пописот во Пописен реон 11 се одвива успешно. Затоа што од 101 пописен круг колку што ги има на подрачјето на општина Гевгелија, поголемиот број на пописни кругови се веќе завршени. Во попишувањето предничат населените места Негорци и Миравци и селата кои гравитираат околу нив. Овој терен е под надлежност на двајца реонски инструктори кои имаат на располагање 19 попишувачи задолжени за над 30 пописни кругови. Анализата од сработеното покажува дека од 30 пописни круга Пописот е целосно завршен во 26, а во преостанатите 4 е пред крај и ќе биде завршен во следните 3-4 дена. Во градот Гевгелија, кој е поделен на 64 пописни круга, Пописот се спроведува од страна на 33 реонски попишувачи кои се под контрола на 6 реонски инструктори. Заклучно со денешниот ден, 16 септември, во 18 пописни круга во градот пописот е целосно завршен и попишувачите кои завршиле со еден веќе се задолжуваат со нов, втор пописен круг. Во 15 пописни круга се очекува Пописот да биде завршен за 3-4 дена, а проценка е дека најдоцна до вторник 21 септември ќе бидат доделени за работа и активирани сите преостанати пописни кругови. Со оваа динамика, преоценка е дека Пописот како најзначајна статистичка операција ќе биде успешно завршен во нашиот реон. Според искуствата на попишувачите од терен, досега нема сериозни нарушувања на процесот на попишување. Попишувачите се задоволни од приемот на кој наидуваат кај граѓаните и лесно воспоставуваат комуникација и договор за термин соодветен за повторна посета кај домаќинствата кои нема да ги затекнат при првата посета. Од утре (29 август), започнуваат обуките за реонските попишувачи во Пописен реон бр. 11 (28.08.2021) Денеска, завршија подготовките во врска со пописните активности. Со одлука на директорот на Државниот завод за статистика е потврден изборот на 88 реонски попишувачи и еден реонски попишувач- резерва, кои ќе ги спроведуват Пописот на населението, домаќинствата и становите на подрачјата на општините Гевгелија и Дојран (Пописен реон бр. 11). Конечниот список ќе биде објавен дополнително на официјалната веб-страна на Општина Гевгелија. Инаку, сите избрани реонски попишувачи за активностите со тридневната обука се известени од страна на Комисијата на Пописен реон бр. 11 на нивните е-маил адреси кои ги оставиле за контакт во електронската пријава. Утре, недела (29 август, 2021 година), во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“, од 09:30 до 10:00 часот, избраните попишувачи ќе бидат задолжени со компјутерска опрема и материјали, а од 10:00 часот, ќе започнат со следење на задолжителната обука. Од 33 присутни кандидати за реонски инструктори, 32 успешно го поминале денешното тестирање (27.08.2021) На денешното тестирање на пријавените кандидати за реонски попишувачи за нашиот Пописен реон 11 што го спроведе Комисијата, беа поканети 56 лица од општините Гевгелија и Дојран. Од кои, 31- пријавени на продолжениот конкурс до 25 август, а останатите 25 кои не беа во можност да присуствуваат на првото тестирање. Од вкупно 56 кандидати за реонски инструктори се појавија 33 кандидати, од кои 32 успешно го поминаа тестирањето. Утре, петок 27 август, тестирање (26.08.2021) Утре, (петок, 27 август 2021 година), ќе се одржи тестирање на кандидатите за реонски попишувачи кои дополнително се пријавија на Конкурстот за попишувачи кој заврши синоќа на полноќ. Прилог: Список на кандидати за реонски попишувачи планирани за тестирањето утре, 27 август.
Привршува екипирањето на тимот што ќе го спроведе Пописот (25.08.2021) Во тек се подготовките за спроведување на Пописот 2021 година на подрачјето на Пописен реон 11 (општините Гевгелија и Дојран). По изборот на 9-те реонски инструктори, тие веќе посетуваат обука. Тимот на попишувачи, и покрај изборот на 57 реонски попишувачи, се уште не е комплетен бидејќи за успешно спроведување на Пописот предвидени се 88 попишувачи. Продолжениот конкурс за попишувачи трае уште денес и се очекува да се пријават доволен број кандидати. Тестирање на кандидатите за реонски попишувачи во петок, на 27 август Според планот на подготвителните активности на Комисијата на Пописниот реон 11, утре (четврток), завршува обуката за инструкторите, а веќе во петок (27 август) ќе се одржи тестирање на кандидатите за попишувачи кои се јавија дополнително во продолжениот конкурсен рок. Тестирањето ќе биде во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со почеток во 10:00 часот.
Официјално потврден изборот на реонските попишувачи за Гевгелија и Дојран (24.08.2021) Со Одлука на директорот на ДЗС, официјално е потврден изборот на 57-те попишувачи за нашиот Пописен реон 11 (Гевгелија и Дојран). Тоа се пријавените кандидати кои го полагаа првото тестирање, на 20 август, 2021 година. Бидејќи за Пописен реон недостасуваат уште 30-тина реонски попишувачи, Конкурсот за дополнително пријавување е во тек и трае до утре, 25 август, 2021 година. За сите кандидати кои ќе се пријават на овој дополнителен Конкурс, како и за кандидатите кои беа претходно пријавени, а не беа во можност да дојдат на првото тестирање, Комисијата на Пописен реон 11 организира второ дополнително тестирање. Тестирањето ќе се спроведе на 26 август, 2021 година (четврток), во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.
Избрани деветте реонски инструктори за Пописен реон 11 (Гевгелија и Дојран) (22.08.2021) Со Решение на директорот на ДЗС, избрани се девет реонски инструктори за Пописниот реон 11. Утре, понеделник, 23 август, инструкторите ќе бидат задолжени со материјали и опрема, а од вторник отпочнува тридневна обука за нив. Во четврток, ќе се спроведе тестирање за новопријавените кандидати за попишувачи, а во петок и реонските попишувачи ќе бидат задолжени со материјали и опрема за спроведување на Пописот. Обуката за попишувачите која ќе трае 4 дена, е планирана од сабота, 28 до вторник, 31 август. Избрани реонски инструктори за Пописен реон 11 се: Стево Ѓоргиев, Јулија Дуева, Ивана Костовска, Кристијан Зумровски, Јованка Дојранлиева, Лазо Трајков, Александар Шопов, Елена Макаровска и Димитар Карајанов.
Сите 67 кандидати за реонски инструктори/попишувачи кои денеска беа тестирани, успешно го поминаа тестирањето (20.08.2021) Денес, се одржа тестирањето на кандидатите за реонски инструктори и попишувачи за Пописен реон 11- Гевгелија и Дојран. Од пријавените 98 кандидати беа тестирани 67 и сите успешно го поминаа тестот. Огласот за пријавување за попишувачи е отворен до среда, 25 август, 2021 година. Кандидатите кои денес не беа во можност да присуствуваат на тестирањето, ќе бидат повикани и тестирани наредната недела кога ќе се организира тестирање заедно со новопријавените кандидати. Со тоа завршува постапката за ангажирање на попишувачи. Според планот за работа на Комисијата за нашиот Пописен реон 11, наредната недела, од понеделник до крајот на месец август, ќе се спроведат и обуките, со што би се завршиле сите подготовки за успешно спроведување на Пописот.
До 25 август, продолжен рокот за пријавување на кандидатите за реонски попишувачи (18.08.2021) Според податоците добиени од Државниот завод за статистика, на Јавниот конурс за реонски попишувачи и инструктори за спроведување на Пописот 2021 година на подрачјето на Пописниот реон број 11 (Општини Гевгелија и Дојран), заклучно со 17.08.2021 година, се пријавиле вкупно 98 кандидати. Или, еден повеќе од потребниот број (88 реонски попишувачи и 9 реонски инструктори). Бидејќи Законот налага освен потребната бројка на попишувачи и инструктори да се обезбеди и задолжителна резерва (10% од потребниот број), Конкурсот за реонски попишувачи останува отворен до среда - 25 август. Во прилог, листите со пријавени кандидати за реонски попишувачи/инструктори, односно распоредот по групи за тестирање. Прва група - Тестирање 20 август, 2021 година, со почеток во 09:00 часот Втора група - Тестирање 20 август, 2021 година, со почеток во 11:00 часот
18.08.2021 година Комисија на Пописен реон 11 |
ФАКТИ ЗА ПОПИС |
Каде да се пријавам за работа на Пописот 2021? Која е постапката? Јавниот оглас за реонски инструктори и реонски попишувачи е објавен на 20 јули, 2021 година. Пријавувањето на заинтересираните кандидати ќе трае до 25 август. Пријавувањето се врши електронски. |
Кои се условите за да се биде реонски попишувач/инструктор? Кандидатот мора да има завршено најмалку средно образование или повисоко и да не е вработен, да има основни компјутерски познавања и ИТ вештини и да го положи влезниот тест за попишувачи. Теренските активности ќе се одвиваат од 5 до 30 септември и ќе траат секој ден во наведениот период. Попишувачите ќе бидат на терен секој ден од 08 до 20 часот, од кој најголем дел ќе попишуваат, а помал дел од времето ќе поминуваат со нивните инструктори за решавање на евентуални прашања. Од попишувачите се очекува да бидат достапни за целодневен ангажман за време на Пописот. |
Кога ќе се одржи Пописот 2021?
|
Колку лица ќе учествуваат во Пописот 2021? Според планот, на ниво на држава се планира да бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, 120 државни инструктори и 500 реонски инструктори за успешно спроведување на Пописот 2021. Дополнителни учесници се членовите на комисиите за пописни реони. Кој ќе го спроведува Пописот 2021 во Пописен реон 11? За спроведување на пописот во Пописен реон 11 кој ги опфаќа подрачјата на општините Гевгелија и Дојран предвидено е ангажирање на 9 лица – реонски инструктори и 88 лица – реонски попишувачи. |
Што е Пописот на населението, домаќинствата и становите?
|
Факти за досега спроведените пописи на територијата на РС Македонија На територијата на Република Македонија првите попишувања се јавуваат во 15 век кога турските власти ги попишувале само даночните глави и машкото население. Постојат руски, француски, грчки и други извори на податоци за попишување на населението во 19-тиот век. Првиот современ попис на територијата на Република Македонија е спроведен во 1921 година. По Втората светска војна, во Република Македонија се спроведени 8 пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година. Пописот во 1991 година беше со нецелосен опфат и затоа во 1994 година повторно е спроведен попис во истата декада. Пописот во 1994 година е прв попис во Република Македонија по нејзиното осамостојување. Пописот во 2002 година е последниот спроведен попис во Република Македонија. - прибирање, - обработка, - оценка и анализа и - дисеминација на податоци за населението, домаќинствата и становите во една држава. Пописот се подготвува неколку години пред неговото спроведување на терен, а податоците се обработуваат подолг временски период по прибирањето од теренот. Притоа мора да се обезбеди континуитет и споредливост со податоците од минатите пописи. Од пописот се обезбедуваат податоци за: - бројот на населението и неговата територијална разместеност, како и за неговата структурата според демографски, географски, етнички, економски и социјални белези;
- анализа и оценка на состојбите во економскиот и социјалниот развој; - планирање на развојот во стопанството, образованието, здравството, домувањето и во другите економски и социјални сфери; - следење на извршувањето на плановите; - научни истражувања; - статистички цели итн. |
Информации за пописот во пописен реон 11 (Гевгелија и Дојран) Последниот Попис на населението, домаќинствата и становите во РМ е спроведен од 1 до 15 ноември 2002 година. Според резултатите од тој попис, општина Гевгелија (во 2002 година ги опфаќаше подрачјата на тогашните општини Гевгелија и Миравци) бројот на неселението изнесувал 22.988, на домаќинствата 7.221 и на становите 9.292. Според актуелниот Закон за спроведување на Попис на населенито, домаќинствата и становите во РСМ, државата е поделена на 50 пописни реони, а општините Гевгелија и Дојран сочинуваат еден заеднички пописен реон (број 11).
|
Зошто се спроведуваат пописи?
Според Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, средствата потребни за финансирање на Пописот изнесуваат 522.721.000 денари. |
*Најчесто поставувани прашања во врска со Пописот Како можам да го идентификувам попишувачот? Секој попишувач носи овластување за идентификација издадено од ДЗС. Исто така, секој попишувач треба да го потврди својот идентитет пред домаќинството со покажување документ за лична идентификација. Дали граѓаните се должни да дадат податоци за Пописот 2021? Да, граѓаните се должни да обезбедат податоци и да ги споделат потребните информации наведени во член 35 алинеја 2 од Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година. Дали моите лични податоци ќе се чуваат во тајност? Државниот завод за статистика има законска обврска да ги заштити вашите одговори и да ги чува доверливо, бидејќи еден од главните принципи на официјалната статистика подразбира заштита и доверливост на индивидуалните податоци. Нема да бидат објавени индивидуални податоци, туку податоците од Пописот ќе бидат изразени само во збирна форма (агрегирани) на ниво на држава, општини и населени места. Дали ќе се опфати во вкупно (резидентно) население некој кој живее и работи во странство со години, но секоја година доаѓа во Република Северна Македонија?
Што ако во моментот на попишување имам гости дома или јас сум на гости? Дали треба да се попишат гостите ? Не. Гостите ќе се попишат во нивното место на живеење. Како се попишуваат лицата со 2 или повеќе живеалишта? Кое се запишува? Се запишува она место на живеење каде што лицето поминува поголем дел од времето во текот на годината. За лицата со вообичаено место на живеење во Република Северна Македонија кои за време на пописот се во странство, а кои не се самопопишале, туку друг дава податоци за нив – дали некаде во прашалникот ќе се наведе дека се во странство? Лицето кое дава податоци за тие лица наведува во која држава живеат тие лица и дава одговори на сите прашања кои се однесуваат на тие лица. Доколку прашалникот за тие лица е нецелосен, апликацијата нема да го прифати како попишано лице. Според личната карта се водам како жител на еден град, а живеам во друг. Каде треба да се попишам?
Од кого сте добиле дозвола да имате увид во моите лични податоци и од каде да знам дека нема да ги злоупотребите? Од каде сте ги преземале моите податоци?
Дали имам право на увид во она што попишувачот го внесува за мене во прашалникот и дали треба тоа да го потврдам? Што во случај да имам право на увид и потврда, а истото не ми биде овозможено? Имате целосно право на увид во она што ќе се појави за вас од Претпописната база на податоци (кога попишувачот ќе го внесе вашиот ЕМБГ), како и во сето она што попишувачот текстуално ќе го внесе во апликацијата и вие треба да потврдите дека податоците се точни. Доколку попишувачот не ви го овозможи ова, треба да се јавите во Комисијата за вашиот пописен реон и да го пријавите случајот. Дали имам право да одбијам да се попишам и кои се последиците?
Дали доколку државјанин на РСМ е отсутен на привремена работа во странство 6 месеци и е со намера да остане таму засекогаш, треба да биде дел од вкупното население? Според Методологијата за Пописот и дефиницијата на вкупно резидентно население, секое лице државјанин на РСМ кое е отсутно во странство помалку од една година спаѓа во категоријата вкупно резидентно население без оглед на неговата намера. |