Прво место за Валентина Узунова на трката „Водно-Матка треилс“
Валентина
Узунова, член на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија истрча уште една успешна трка на полумаратонската трка „Водно-Матка треилс“. Узунова го освои првото место во категоријата Жени +50, со просечна брзина од 6,34 километри. Таа се натпреваруваше во конкуренција од над 200 тркачи од 18 земји.
Иако имало магла, Узунова истакна дека не и било тешко да трча бидејќи ова и е второ учество на оваа трка и добро ја познава патеката. Сите натпреварувања на атлетичарката од гевгелискиот клуб и се посветени на заболените од ретката болест Пулмонална хипертензија.
Третото издание на Водно-Матка Треилс, организиран од ТРЕКС, се одржа во близина на Скопје, на 19 јули 2020 година, со почитување на сите здравствени протоколи, а атлетичарите стартуваа на одредена временска дистанца. Овој целодневен спортски настан во природа се состои од две трки - планински маратон од 42 км, чиј старт беше точно на една минута после полноќ и треил трката од 26 км по падините на Водно и низ Кањонот Матка, а стартуваше во 5 часот наутро од пред Полициската станица на Водно. Целта, како и досега, беше Планинарскиот дом „Даре Џамбаз”, на врвот на Водно. „Водно Треил“ е пократката трка од „ВодноМатка Треилс“. Полумаратонот стандардно е долг 21км.