
Крстева Массети со нејзиното дело учествува на изложбата „Душата секогаш мисли во слики“

Гевгелискиот
ликовен уметник, Мирјана Крстева Массетти со нејзиното дело „in absentia vII” e дел од изложбата „Душата секогаш мисли во слики“, во која учествуваат околу 50 еминентни академски уметници од земјата и странство. Изложбата е во рамките на „Националните денови на МС“ од 19 до 24 октомври, а е поставена е во ликовната галерија „КО-РА“ на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје. Националното здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза (МС).
Инаку, Мирјана Крстева Массетти од Гевгелија учествува и на 12 ликовна колонија „Дрен“, во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп. Ликовната колонија е поддржана од Министерството за култура. Изложбата ќе биде отворена на 3 ноември, во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ по повод Ослободувањето на градот Прилеп.