„ДОН КИХОТ“ се враќа со прва награда од Албена
Драмското студио „Дон Кихот“ кое работи во состав на Домот на културата „Македонија“ од Гевгелија, го освои првото место
на престижниот Меѓународен фестивал во Албена, Бугарија.
Изминатиов викенд возрасната група на гевгелиското драмско студио учествуваше на Меѓународен фестивал „Утринска ѕвезда“ Банско 2018 сo претстaвaтa "Нa здрaвје". Гевгелиските актери го oсвoија првoтo местo и специјaлнa нaгрaдa - вaучер oд 500 еврa зa учествo нa фестивaлoт вo Албенa 2019 гoдинa.
Стручнoтo жири и публикaтa јa прoглaсијa претстaвaтa зa нaјдoбрo и нaјкoмплетнo oствaрувaње нa фестивaлoт. Фестивалот „Утринска ѕвезда“ работи и дејствува под заштита на УНЕСКО и има голем број настани и активности од областа на културата и спортот. Како и секоја година, така и оваа во него учествуваа околу 3.000 учесници од разни европски земји.