"Aприлијада 2023“
Во пресрет
на 1 Април, на 31 март, во Гевгелија се одбележа Денот на шегата со традиционалната манифестација „Априлијада“ во огранизација на ЈОУ Пинерски дом „Јосип Броз Тито“. Низ улиците во Гевгелија продефилираа дечињата од ЈОУДГ „Детска радост“ и клоновите и учениците од I до V одделение, презентирајќи ги групните маски на платото на градскиот плоштад пред тричлената жири-комисијата.
Имено, од страна на стручната жири-комисија се прогласени 5 најдобри групни маски на годинашната „Априлијада“. Првата награда ја освоија учениците од IV2 одделение од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за маската „Фаланга“. Втората награда им припадна на учениците од II2 одделение од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за маската „Шах-мат“. Добитници на Третата награда се дечињата од групата „Зајачиња“ во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за маската „Веселко“. Учениците од Vб одделение во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија ја освоија Четвртата награда за маската „Балонот на Бенкси“, додека Петтата награда ја заслужија учениците од II2 одделение во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија.
Општина Гевгелија, за најдобрите маски обезбеди вредни награди, кои ќе им послужат на наставниите и учениците во реализацијата на наставата, а им беа врачени од организаторот ЈОУ Пионерски дом- Гевгелија.