“Дуализмот“ на Вангел Срнаков
Во Гевгелија, пред многубројните љубители
на ликовната уметност, беше отворена изложбата на гевгелискиот сликар Вангел Срнаков, насловена како „Дуализам - единство на контрастот„. Срнаков пред гевгелиската ликовна јавност се претставува со своите најнови дела кои претставуваат единство на контрасти. За оваа изложба, промоторот Стефчо Стефанов рече:
-Контрастот е активатор на суштествената животна динамика преку која спознаваме дека сме живи. Во играта со контрастот, во која опсегот на будења се протега до кај што самите достасуваме, Срнаков нѐ поканува на партија, овој пат според негови правила. Впрочем, правилото е само едно: Дуализам.
Срнаков досега има повеќе самостојни изложби, а учествувал и на групните изложби на здржението „Мултимедија центарот“, чиј иницијатор е. Изложбата ќе биде поставена во Пионерскиот дом во Гевгелија, а е дел од Програмата за финансиска поддршка на културните проекти и манифестации на општина Гевгелија во 2019 година.