Гордана Хаџи Николова Малашев добитник на наградата “Боро Митриќески“
Гевгелиската скулпторка Гордана Хаџи - Николова Малашева,
конзерватор во Ну Музеј Гевгелија, е добитник на наградата „Боро Митриќески“. Ова беше соопштено на возобновената изложба за современа скулптура, што вчера ја отвори Роберт Алаѓозовски , национален координатор за култура во Владата на Република Северна Македонија во галеријата на МКЦ. Станува збор за прекрасна поставка на годинашниот опус на македонските скулптори и најново претставување на ДЛУМ за оваа година. Паричните средства од наградата ги обезбедува семејството на академик Боро Митриќески.