Александар Јанев излагаше во Прилеп
Во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп,
отворена е изложбата „Раѓање на битието“ на гевгелискиот уметник Александар Јанев. Тој е роден во Гевгелија во 1987 година, а дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Александар Јанев е актуелен претседател на ДЛУГ, а во своите дела користи доста симболи, бидејќи самата историја на симболите потврдува дека секој предмет може да добие симболичка вредност, било да е природен (камен, стебло, цвеќе, плод) или апстрактен (ѓеометриски облик, број, ритам).
. Во освртот кон оваа изложба уметникот Јордан Јанев-Дане ќе напише:Што е живо битие? На ова прашање авторот одговара на свој начин како доживување и изразување со помош на формата и материјалите. Создава уметничко дело кое ќе има свое значење и по својата содржина нема да смее да се исцрпи со линии, кривини, површини и вдлабнатини во дрвото, каменот и металот во одредените тонови или во било кој друг материјал кој се искористува туку развива внатрешен живот, чувства, душа, некоја содржина и некој дух кој се нарекува значење на уметничкото дело. Духот на нашето време е во постојано движење.
Изложбата во Прилеп ќе биде отворена до 30 мај 2019 година.