Стефан Марковски на “Европска ноќ на литературата“ во Софија
Во Софија се одржа „Европската ноќ на литературата“ која што е манифестација
од огромно културно значење за бугарската престолнина. На „Европската ноќ“ гостуваше и македонски писател Стефан Марковски, кој се претстави со својот роман „Еретични писма“, објавен на бугарски јазик во 2019 година од издавачот Пламен Тотев и издаделството „Изида“, а во превод на Марјан Петров. Носител на манифестацијата е Чешкиот културен центар и уште 19 други КИЦ-ови и амбасади во Софија, а подршка има и од канцеларијата на ЕУ и град Софија.
Стефан Марковски, издавачот Тотев и актерите Ѓорги Георгиев – Антика и Игор Дамјанов, со посредство на КИЦ на РСМ, ја претставија книгата на македонскиот писател и изведоа перформанс со читање на делови од романот и изведба на шлагери за што добија големи аплаузи и подршка на публиката. Настанот го следеа голем број гости, а во периодот од 18 до 22 часот перформансот беше повторен неколку пати.