Image
Известување

Контејнери за собирање на стаклен отпад

Гевгелија наскоро ќе добие нови контејнери за стаклен отпад од 1,5 метар кубен. Станува збор за 20 пластични зелени контејнери од 1,5 метар кубен, тип-игло, кои се наменети исклучиво за собирање стаклен отпад. Контејнерите се донација од „Пакомак“ ДОО Скопје за општина Гевгелија, како резултат на досегашната успешна соработка со ова друштво.

 

Контејнерите за собирање на стаклен отпад од страна на ЈПКД„Комуналец“ ќе бидат поставени на неколку локации во градот. Со тоа всушност продолжува акцијата за рециклирано собирање на отпадот. Во Гевгелија веќе се поставени на одделни локации контејнери за хартија, пластика и друг комунален отпад.

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio