ВРЕМЕН ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ВО НЕДЕЛА
Во раните утрински часови во недела, 15 јули 2018 година, во периодот од 3.00 до 8.30 часот ќе има времен прекин во водоснабдувањето.
Без вода во овој период ќе бидат водокоросниците во градот Гевгелија, во селото Мрзенци, индустриската зона „Блокотехна“ и комплексот „Негорски Бањи“.
Прекинот ќе биде заради приклучување на новиот цевковод ф450мм од новиот водоснабдителен систем, чија изградба е во завршна фаза кон постојната водоводна мрежа, соопштуваат во ЈПКД„Комуналец“. Приклучувањето ќе го извршат стручните служби на фирмата „Хидрострој“, која го изведува новиот водоснабдителен систем, заедно со Секторот за водовод и канализација во ЈПКД„Комуналец“.