„Како да се ограби банка“ ќе се емитува на Јутјуб каналот на Домот на култура
Поради преземените мерки во врска со Корона вирусот,
Домот на култура „Македонија“-Гевгелија излегува во пресрет на граѓаните со своите дигитални ресурси и ќе им го пополни поминатото време дома со прикажување на цела претстава од својата театарска репродукција.
Денес (недела, 22.3.2020) и среда (25.3.2020), со почеток од 21 часот, на Јутјуб каналот на Дом на култура, ќе се емитува хит- комедијата „Како да се ограби банка“. Од Домот препорачуваат, оние што ја пропуштиле можноста да ја гледаат претставата во живо и оние кои ја гледале, еднаш, два, три или четири пати, имаат можност повторно да се насмеат од срце.
Публиката ќе го добие линкот од претставата 30 мин. пред почетокот на емитувањето на официјалната Фејсбук страница на Дом на Култура „Македонија“- Гевгелија.