Дводневен 12 по ред „Бош фестивал“
Од утре
започнува „12 Бош фестивал“ на визуелна, перформативна и музичка нормалност во организација на ЗЛУКТ „Арт еквилибриум“. Фестивалот во чест на прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиев ќе трае 2 дена. Според програмата, активностите на 4 септември ќе се одржат во Народниот театар, а на 5 на Градското ракометно игралиште. Фестивалот ќе се одржува според протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, со почитување на мерките за носење заштитна опрема, дезинфекција, запазување на потребната физичка дистанца и мерење температура.
Поради наметнатите околности од Ковид-пандемијата, програмата е намалена и прилагодена на ситуацијата и е објавена на официјалната Фејсбук-страна „BOSH Festival“. Публиката што сака да присуствува на активностите во Градското ракометно игралиште треба да се пријави на официјалниот меил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за да биде запазен дозволениот капацитет на просторот за публика. Фестивалот ќе биде пренесуван во живо на официјалната Фејсбук-страница на „Бош фестивал“.
„Овој пат во радикално поинакви, но есенцијално важни услови за безусловно да се испрати порака дека е неопходно да се продолжи слободно да се твори, да се создава, разменува, прифаќа и обединува. За новата генерација, новите мерки и новата нормала на старата локација. Да се собереме на дистанца, да се одбереме од нормален, понормален до најнормално ненормален, сè НАЈ! Останете БОШ позитивни!“- е овогодинешната парола на организаторите.
„Бош фестивал“ е дел од Програмата за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2020 година.