Изложба на реплицирани фотографии на икони и фрески од Бигорски манастир
Домот
на културата „Македонија“- Гевгелија, во галерискиот простор на Народниот театар ја постави изложбата на 22 реплицирани фотографии на икони и фрески од Бигорскиот манастанир, по повод 1000 години од неговото постоење. Организираната изложба е во соработка со ансамблот „Македонија“, верен соработник и поддржувач на настаните и активностите на Домот на културата- Гевгелија.
Изложбата ќе трае до 25 септември, 2020 година, а посетителите ќе може да ги видат фотографиите во работните денови до петок, од 09:00 часот до 14:00 часот. При посетата, посетителите треба задолжително да ги почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, односно носење заштитна опрема и дезинфекција на рацете.
Инаку, поставката на реплицирани фотографии на икони и фрески од Бигорскиот манастир беше дел од културниот настан што Домот на културата го организираше по повод Патрониот празник на населеното место Богородица, на 20 септември, 2020 година, со концерт на традиционална музика во изведба на АТМИ „Митко Алексов“ од Кочани.