Мирјана Крстева Массетти со учество на 12 ликовна колонија „Дрен 2020“
Taлентираниот
ликовен уметник Мирјана Крстева Массетти од Гевгелија учествува на 12 ликовна колонија „Дрен“, во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп. Ликовната колонија е поддржана од Министерството за култура.
Поради КОВИД-пандемијата, Мирјана заедно со уште тринаесет учесника од земјата ќе творат во своите ателјеа, а финалните дела ќе бидат изложени на 3 ноември, во ликовната галерија на Центарот за култура- Прилеп.
На оваа 12 ликовна колонија учесници се уметниците: Беди Ибрахим, Мирко Вујисиќ, Микица Трујкановиќ, Марија Стојаноска Петковски, Жани Гелевска од Скопје, Драган Најденовски од Битола, Владимир Темков од Кавадарци, Мирјана Крстева Массетти од Гевгелија, Ангел Коруновски од Велес, Александра Димитрова од Кочани, Тамара Танкоска од САД и Тони Чатчески и Марјан Стојаноски од Прилеп.