Oпштина Гевгелија со информативна кампања во борбата против КОВИД-19
Oпштина
Гевгелија започна информативна кампања за примената на заштитните мерки против КОВИД-19. Поради неповолната епидемиолошка состојба во Гевгелија Општината изготви флаер, во кој се содржани бројките на заболени од КОВИД-19 во Гевгелија и сликовито се прикажани основните мерки за заштита и намалување на ризикот од КОВИД-19. Отпечатени се 10.000 флаери кои во соработка со ЈПКД „Комуналец“ ќе бидат дистрибуирани заедно со сметките за наплата на комунални услуги на гевгелиските домаќинства.
Исто така, патролните групи при теренската контрола за примената на заштитните мерки, во која учествуваат претставници од ОВР- Гевгелија, Државен пазарен испекторат, Државен инспекторат за труд и социјала, Општинската инспекција и членови на Советот на Општина Гевгелија, ќе делат вакви флаери.
Контролата на државните и општинските служби продолжува и во наредниот период, во согласност со Планот за контрола на примената на заштитните мерки на Општискиот штаб за заштита и спасување. За непочитување на мерките, следат соодветни санкции.