Работилница „Методски аспект на тадиционалниот инструмент тапан“
Дом
на култура „Македонија“- Гевгелија продолжува со работилниците на теми од традиционалната култура во склоп на Секцијата за традиционални ора и традиционално пеење. На 28 мај (петок), во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 17:00 часот, м-р Христијан Николовски, етнокореолог, професор ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и асистент на Катедрата за етнокореологија на Музичката академија при УГД- Штип ќе одржи час на тема „Методски аспект на традиционалниот инструмент тапан“, со кој ќе бидат опфатени поттемите историјата на производството, начинот на музицирање, како и техники кои се користат при свирењето на традиционалниот инструмент тапан.
Сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на работилницата, можат да се пријават во просториите на Народниот театар, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, се до четврток, 27 мај.