„Концерт на пијано трио“
На 2 јуни,
2021 година, во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде одржан „Концерт на пијано трио“, на кој ќе настапат: Татијана Петрушевска на обоа, Марјан Милошевски на фагот и Петар Макариевски на пијано. Културниот настан е во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, во соработка со ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија. Влезот е слободен.
Програмата се состои од дела за класична музика, компонирани од: A. Reichenauer, W. A. Mozart, G. Bizet и C. Friedemann.