„Романтичен пикник“ на ЈОУ Дом на култура се одложува за 2 октомври
Раководството
на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија ја известува својата публика дека културната манифестација „Романтичен пикник под ѕвездите“ која беше предвидена да се одржи денеска, поради лошите временски услови, се одложува за 2 октомври, 2021 година. Со почеток во 20:00 часот, на градскиот парк кај Железничка станица, во организација на Домот на културата, со перформанс на клавир и виолина ќе имаат гевгелиските музички уметници Александар и Атанас Стојанови.
- „Романтичен пикник под ѕвездите“ е настанот кој ќе ја одбележи оваа година. Да ги заборавиме сите лоши моменти и за кратко да се навратиме во времето на пикникот. Присутните ќе можат да уживаат во прекрасните ноти на пијаното и виолината, во изведба на Александар и Атанас Стојанови. За дополнително уживање, кафетерија БАРИСТА ќе понуди палета од најдобрите сортни вина по најповолни цени, истакнуваат од ЈОУ Дом на култура „Македонија"- Гевгелија.