На отворената училница, младите со идеи за подобрување на нивниот живот
Во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи
за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, кој проект го реализира Центар за граѓанска иницијатива- Прилеп, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија беше одржана дебата во отворена училница. Имено, младите- учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија на средбата во дворот на училиштето со преставник од Одделението за образование при Општина Гевгелија, Билјана Арџанлиева, директорот на Гимназијата, Тони Аврамов и професорот Андон Картов ги претставија своите мислења и идеи за потребите на младите во училиштето и градот.
И, тоа од областа на екологијата, инфраструктурата, урбаното уредување и сл. Како: отворање Младински центар со кино сала, простории за дружење и игри за забава- пинг-понг, пикадо, куглање; уредување на холовите во Училиштето (исцртување на ѕидовите, поставување клупи за седење, поставување на таблоата од генерациите- матуранти низ внатрешните ѕидови во холот); доуредување на дворот со поставување урбана опрема и фонтани со фода за пиење; отворање учлишна кантина во склоп на Угостителската сала како дел од праксата за учениците од Угостителската струка и пуштање музика низ разгласот, обезбедување интернет и компјутерска опрема за учениците од останатите населени места кои после часовите остануваат во Училиштето поради чекањето превоз.
Исто така, да се реализираат еко-акции и уредување на Вардарски Рид и многу други идеи за подобрување на животот на младите во Гевгелија. Имено, во рамките на овој проект на Центарот за граѓанска иницијатива- Прилеп, а поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија, со финансиски средства беше уреден и Амфитеарот, каде беше одржана и дебатата во отворената училница, за кои младите од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија изработија проект, како дел од вклучувањето во Младиот летен камп.