Театарска група од Демир Капија со „Ноќите во бел сатен“ ќе гостува во Гевгелија
На 17 декември,
2022 година, со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија, во организација на ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија, ќе гостува театарската група при ЈОУ Дом на култура „Мирка Гинова“ од Демир Капија со театарската комедија „Ноќите во бел сатен“. Билетите за претставата чинат 100 денари, а од денес билетите ќе бидат пуштени во продажба, во просториите на Народниот театар.
Претставата е во режија на Томе Арсовски, а улогите ги толкуваат: Дарко Сакалиев, Крсте Мелов, Томе Атанасов, Анита Младеновиќ и Димче Бањански.
Инаку, „Ноќите во бел сатен“, драмски текст на Братислав Димитров, е пиеса за осаменоста и паничната потреба од љубов.