20 по ред Крводарителска акција на хотел „Аполонија“
Фондацијата
„Аполонија“- Гевгелија во соработка со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа Болница - Гевгелија и со Општинската органзација на Црвениот крст- Гевгелија, во просториите на хотелот „Аполонија“, на 22 декември, 2022 година, ќе го организираат традиционалниот „Дваесетти по ред Аполонија - ден на крводарување“. Сите оние кои сакаат да ја даруваат оваа течност која живот значи, тоа ќе може да го сторат во просториите на хотелот „Аполонија,“ во периодот од 09:00 до 14:00 часот, потврдувајќи ја својата хуманост на 077 750 120 или со пријавување на рецепцијата на хотел „Аполонија“. За хуманите крводарители следуваат симболични подароци од организаторите.
- Во рамките на своите определби за постојано поддржување и помагање на активности што се дел од целокупното живеење на нашата локална, а и поширока заедница, фондацијата „Аполонија“ се вклучи и во остварувањето на едно од најблагородните човекови дејствувања - крводарителството. Секоја следна акција ни е сè помасовно поддржана, што ни дава право да останеме при определбата Гевгелија да биде хуман град, истакна директорот на фондацијата „Аполонија“, Аце Ристовски.
Акцијата „Аполонија- Ден на крводарување“ се организa двапати во годината, а првиот Аполонија - ден на крводарување беше организиран на 19 октомври, 2010 година. Годинава, 19 крводарителска акција беше одржана на 27 април, на која беа собрани 28 единици крв.