150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев одбележана со поезија и џез-музика
ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија
го одбележa Патрониот празник- 150 години од раѓањето на Гоце Делчев со Поетска вечер со Никола Маџиров во Народниот театар- Гевгелија, како и концерт на џез-триото Пенче Кралев, Влатко Сапламаев и Момчило Делев.
На почетокот од поетско-музичката вечер, во чест на Гоце Делчев, се рецитираше песната од Петре М. Андреевски, посветена на Делчев- „Ко да беше лани“, во интерпретација на Петар Јанчев. Поезијата на Маџиров беше презентирана низ разговор на поетот со модераторот Пепи Стамков, како и низ аудио-визуелни видеа изработени во странство, а инспирирани од поезијата на македонскиот современ поет. На одбележувањето на Патрониот празник, ЈОУ Библиотеката „Гоце Делчев“- Гевгелија, традиционално, им додели признанија за најчитатели во 2021 година на Вања Манчева, Софија Атанасова и Марија Ѓеоргиевска.