Во Гевгелија, се одржува 10 по ред Меѓународен натпревар за млади пијанисти
Во Гевгелија,
се одржува 10 Меѓународен натпревар за млади пијанисти, во организација на пијанистот родум од Гевгелија, Глигор Гелебешев. И годинава, Меѓународниот натпревар за млади пијанисти е финансиски поддржан од Општина Гевгелија. Вчера, на отворањето во хотелот „Аполонија“, Гелебешев им посака топло добредојде во Гевгелија на младите пијанисти од другите градови во државата, како и од Република Бугарија и Косово.
- Гевгелија по десетти пат е центар, каде се собираат млади музички таленти. Нестрпливо чекаме дечињата да покажат колку навлегле во тајните на интерпретацијата на дела од големите светски, музички имиња, бидејќи поради КОВИД-пандемијата, натпреварот не беше одржан две години по ред, истакна Гелебешев, на отворањето на натпреварот, упатувајќи благодарност до градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, како и до хотел „Аполонија“ за поддршката годинава да биде одржан и да биде настан каде младите пијанисти oсвен што ќе свират, ќе се дружат и ќе го негуваат трајното пријателство.
До 16 јуни, младите пијанисти ќе се натпреваруваат во пет категории, а нивните настапи ќе бидат оценувани од страна на стручна жири-комисија, во состав на проф. Милка Митева од Бугарија, проф. Власта Џура од Хрватска и проф. Катерина Гелебешева од Македонија.