Одбележан 11 Октомври со полагање цвеќе пред спомен-обележјата во Гевгелија
Празникот 11 Октомври, во Гевгелија
беше одбележан со полагање цвеќе пред Спомен-Костурницата, споменикот на Сава Михајлов и спомен-бистите на првоборците. Делегации од локалната самоуправа, Советот на Општина Гевгелија, политичките партии, Сојузот на борците, пензионери и невладини организации со едноминутно молчење и поклон пред спомен-обележјата во Гевгелија оддадоа почит за идеалот на предците и давањето живот во вековната борба за слободна татковина.
По повод 11 Октомври- Денот на Народното востание, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, упати честитка до граѓаните, во која истакна:
- Честит 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ! Ден кој ја симболизира желбата за слобода и создавање независна држава. Славен датум во историјата на Македонија кој го означува патриотизмот и решителноста на македонскиот народ.
11 Октомври нека биде пример за идните генерации дека борбата за Македонија никогаш не завршува.