Прикажување на „Снежана на крајот умира“ во Гевгелија
Домот на
културата „Македонија“- Гевгелија, на 9 февруари, 2023 година, со почеток во 19:00 часот, ќе го емитува македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристевски. Билетите се пуштени во претпродажба по цена од 100 денари, а можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија, во периодот од 08:00 до 15:00 часот и пред почетокот на емитувањето на филмот.
Во сценариото се раскажува за седум луѓе кои живеат во време и простор и се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен наркоман. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи.