Одбележана 118-годишнината од смртта на Сава Михајлов
118-
годишнината од смртта на народниот херој и борец, Сава Михајлов, беше одбележана во Гевгелија со полагање цвеќе пред спомен-обележјето во центарот на градот. Цвеќе положија: делегации oд Општина Гевгелија, Сојузот на борците од Гевгелија, Здружението на пензионери од Гевгелија и претставници на политичките партии.
За животното дело, мисија и придонес во македонското револуционерно движење на Сава Михајлов, пред присутните зборуваше историчарот Миле Смилков, потенцирајќи ги учителствувањето во Гевгелија, неговото членство во ТМОРО, познатството со Гоце Делчев и Петров, учеството во грабнувањето на Мис Стон и учеството во Илинденското востание.
Во пресрет на 11 март, исто така, беше положено цвеќе и пред спомен-плочата на Градскиот плоштад, подигната во чест на четиринаесетте депортирани и подоцна ликвидирани Евреи од Гевгелија, со што беше одбележана 80-годишнината од нивната смрт.