Во Гевгелија, одржано Државното првенство за средни училишта во футсал
Во спортската сала
„26 Април“ во Гевгелија, за првпат се одржа Државното првенство за средни училишта во футсал. Домаќин на Државното првенство за средни училишта беше Општинскиот сојуз на училиштен спорт од Гевгелија, под покровителство на Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија. На првенството, покрај другите училишта, учествуваа и учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, под менторство на нивните наставници по физичко образование.
Официјално, спортскиот настан го отвори градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој на сите учесници им посака среќа во натпреварите, истакнувајќи дека Општина Гевгелија секогаш го поддржува училишниот спорт бидејќи тој е изворот на потенцијални локални спортисти. Посебно, што Општина Гевгелија и спортската сала „26 Април“ во континуитет се домаќини на значајни спортски настани, како во професионалниот, така и во училишниот спорт.