Одржан настан во општина Гевгелија за спречување и заштита од дискриминација
Општина Гевгелија,
на 13 јули 2023 година, беше домаќин на настан во организација на Комисијата за спречување и заштита и дискриминација- отворена средба со претставници на државните институции и невладиниот сектор за запознавање на нејзините надлежностите и начинот на работа како независно тело, задолжено за промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација.
На средбата, присуствуваа претставници од Општина Гевгелија, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија, гевгелиските училишта, ЈЗУ Општа болница- Гевгелија, подрачните инспекторати, Министерството за правда, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Гевгелија, Агенција за вработување- ПЕ Гевгелија и невладиниот сектор на подрачјето на општина Гевгелија. Кон присутните, покрај обраќањата на КСЗД и ОБСЕ Мисијата во Скопје, се обрати и претседателката на КЕМ при Советот на Општина Гевгелија, Елизабета Сивова, која ја презентираше работата и надлежноста на советничкото тело и што се Општина Гевгелија има направено во врска со промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација преку родово-одговорното буџетирање во Програмите за ЕМЖМ, спорт, култура и социјална заштита за 2023 година.
Исто така, беше отворена и дискусија помеѓу КЗСД и претставниците на институции и невладиниот сектор за начините на заедничка соработка со цел препознавање и елиминирање на дискриминацијата во нашето општество. Отворената средба во Гевгелија се спроведе во рамки на новиот циклус отворени средби ширум држава во организација на КЗСД, со поддршка од ОБСЕ Мисијата во Скопје, како алатка за директна комуникација со државните институции и граѓанските организации.