Свечена академија за 70-годишниот јубилеј на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
Во рамки на
седмоноемвриската програма, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија со Свечена академија ќе го прослави 70-годишниот јубилеј од гимназиското образование во Гевгелија. Во Народниот театар- Гевгелија, утре (3 ноември 2023 година), со почеток во 20:00 часот, Свечената академија ќе ја отворат Градскиот хор „Гортинија“, со изведба на: „Химна на Република Македонија, „Огин го гори Брезово“ од А. Лековски, „Македонски народни песни“ и „Македонско оро“.
По повод 70-годишниот јубилеј, обраќање ќе има директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија, Александар Делиџаков и ќе биде промовирана Монографијата на Училиштето. Исто така, обраќање ќе имаат и поранешни вработени во Гимназијата. Во програмата, учествуваат и професорите: Даниела Џишева, Александра Ќаева, Тони Аврамов, Бисерка Макреска, Тања Чугунцалиева, Вања Манчева и Стефчо Стефанов со рецитирање поезија од македонски поети: „Вардар“ и „Непокор“ од Анте Поповски, „Глас“ и „Вардар“ од Гање Тодоровски и „Треба да бидеме подобри“ од Ацо Шопов.
По Свечената академија, ќе следи коктел во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.