Крводарителска акција на ОО Црвен крст- Гевгелија во соработка со СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
ОО Црвен крст- Гевгелија
организира Крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. Имено, Крводарителската акција ќе се одржи на 20 декември 2023 година (среда), во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со времетраење од 09:00 до 16:00 часот. Целта на организацијата, како што вели ОО Црвен крст- Гевгелија, е да се врати традицијата за дарување крв и хуманоста за спас на човечки живот во претпразничниот периoд.