Промовирана книгата “Енгеле бенгеле“ од Тони Аврамов
Синоќа во Народниот теастар во Гевгелија беше
промовирана книгата „Енгеле-Бенгеле“ од Тони Аврамов., која содржи два драмски текста, „Енгеле-Бенгеле“ и „Дајте му право на глас на заробениот Дедо Мраз“. Овие драмски текстови веќе беа изведени од драмското студио „Дон Кихот“, а нивна основа порака беше - на лошото со добро да се врати. Поточно, децата да научат да прават добри дела во денешниот свет во кој демнеат многу зли работи од сите страни
-Да се пишува текст за деца е одговорна работа. Затоа што оној кој пишува детска литература треба најнапред да го разбуди детето во себе, да ги врати спомените од минатото и да влезе во детскиот свет. А, тоа, со оваа книга, успешно го прави Тони Аврамов., рече во своето обраќање промоторот на книгата „Енгеле-Бенгеле“, магистер Даниела Џишева.. Веднаш потоа настапија и членовите на драмската група „Дон Кихот“, презентирајќи делови од книгата. Организатор на промоцијата беше Домот на културата од Гевгелија.