Советот на општина Гевгелија ќе заседава на 5 април
Советот на општина Гевгелија на 5 април 2019 година,
во петок, ќе ја одржи својата 25.седница, а ќе работи по следниот дневен ред:
1. Предлог-Решение за давање согласност на Извештајот за работа на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за 2018 година,
2. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за периодот 01.01.2018 - 31.12.2018 год. со посебен осврт на периодот 01.10.2018-31.12.2018 година,
3. Предлог-Решение за давање согласност на Годишната сметка на ЈПКД "Комуналец" - Гевгелија за 2018 година (со биланс на состојба, биланс на успех, државна евиденција, структура на приходи по дејности, даночен биланс и објаснувачки белешки),
4. Решение за давање согласност на Статутарната Одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУДГ "Детска радост"-Гевгелија,
5. Предлог-Заклучок по Годишниот Извештај на Локалната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на општина Гевгелија за 2018 година,
6. Извештај од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност-Гевгелија околу состојбата со здравствената заштита и здравствениот кадар во општина Гевгелија,
7. Извештај за работењето на АД Водостопанство на РМ-подружница "Јужен Вардар" од Гевгелија за 2018 година,
8. Предлог-Заклучок по Иницијативата за проширување на дејноста на НУ Музеј-Гевгелија.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Гевгелија, со почеток во 11 часот.