Обука за маркетинг и пазарни предизвици за МСП
Во тек е серијата на обуки кои се одржуваат
во рамки на проектот „Акцелератор на знаења за МСП“.По првата одржана обука на тема „Подобрување на иновативниот капацитет на МСП“, каде што се изучуваа предусловите за иновативно однесување, организациската култура за стимулирање иновации, како и техники за организирање на организациска креативност, претстои втората обука каде што фокус ќе биде даден на маркетингот и пазарните предизвици со кои се соочуваат микро, малите и средните претпријатија. Обуката се одржува во мотел Вардар, а предавач на обуката е проф. д-р Саво Ашталковски.
Целта на обуките е стекнување на дополнителни знаења и вештини со кои претприемачите ќе ги претворат своите компании во успешни и профитабилни бизниси.
За сите оние кои имаат намера да аплицираат за средства од достапните фондови на ЕУ како и останати донаторски организации, а кои успешно ќе го поминат циклусот на обуки, предвидена е менторска поддршка за развој на апликации.