Изложба на Јорданчо Кицовски
„Овие слики ги насликав за мојата малечка ќерка,
на која и посакувам да порасне и да биде среќна и слободна како птица“ Со овие зборови, на љубителите на ликовната уметност им се обрати ликовниот уметник Јорданчо Кицовски на отварањето на својата самостојна изложба во Пионерскиот дом –Гевгелија, во новиот галериски простор на институцијата. Изложбата ја отвори ликовната уметница Мирјана крстева Массети, која истакна дека се работи за интересен автор, кој се претставува со дваесет дела работени во акрилик на платно, создадени последниве три години.
Изложбата „Птици за ќерка ми“, содржи дела во кои доминира птицата како симбол на слободата, мирот и спокојот. Јорданчо Кицовски е роден во 1980 година во Скопје. Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје (графика, реставрација и конзервација). Слика на ѕидови и фасади, изработува сувенири, икони, слики, цртежи, стрипови… Кицовски има реализирано една самостојна изложба во Скопје и повеќе групни изложби во Македонија и САД. Учествувал на неколку ликовни колонии во Македонија.