Успешен концерт по хорско пеење
По повод Свети Кирил и Методиј во истоимената црква во Гевгелија,
покрај црковните богослужби, се одржа и концерт на духовна музика,што го проследија голем број верници и посетители. На концертот успешен хорски настап имаа Црковниот хор „Свети Јован Кукузел“ и Градскиот мешан хор „Гортинија“. Хорот „Свети Јован Кукузел“ ги исполни „Тропара на Свети Кирил и Методиј“, „Благословен јеси Господи“, византиски напев,„Господи Помилуј, Господи Прости“, руски напев, „Академска химна на Св. Кирил и Методиј“ од Стефан Мокрањац, „Царице Невеснаја“, византиски напев и „Оче Наш“ од Стефан Мокрањац.
Градскиот мешан хор „Гортинија“ ги исполни „Хвалите Господа“ од Дмитриј Бортњански, „Оче Наш“ од Николај Кедров и „Академска химна на СВ. Кирил и Методиј“ од Таки Хрисик. Старешината на Црквата " Свети Кирил и Методиј " од Гевгелија , отец Русе Жекоски, им заблагодари на сите кои учествуваа во прекрасното хорско пеење.