Новогодишен базар 2019
Во Народниот театар во Гевгелија се одржува
Новогодишниот базар, традиционална хуманитарна манифестација, која се организира во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници. И годинава, организаторите - фондацијата „Аполонија“, двете основни училишта, „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“, СОУ „Јосиф Јосифовски“, Дневниот центар за лица со посебни потреби, Дневниот центар „Мајка Тереза“ и Факултетот за туризам и бизнис логистика, се потрудија на гевгеличани да им понудат рачно изработени предмети и храна.
Посетителите може да купат најразлични домашни слатки и солени специјалитети, како и рачни изработки направени од децата, кои ги посетуваат гевгелиските воспитно образовни установи. Сите собрани средства од продадените специјалитети и рачни изработка ќе бидат наменети за хуманитарни цели.