Оглас за судии поротници
Основниот суд во Гевгелија објави Оглас за избор на судии поротници, со важност од 16 мај 2018 година. Кандидатите треба да ги исполнуваат условите од член 7 од Законот за именување и дополнување на Законот за судовите и тоа:да се државјани на РМ, да се полнолетни, да имат завршено најмалку средно образование, активно да го владеат македонскиот јазик и да не се постари од 60 години.
Заинтересираните кандидати, пријавата со потребните документи треба да ја достават во рок од 5 дена од објавувањето на огласот. Пријавата се поднесува на адреса – Основен суд Гевгелија, со назнака „Оглас за судии-поротници“ (до приемното одделение на Основниот суд-Гевгелија).