Заедницата на турските општини и донира на Општина Гевгелија камион за комунален отпад
Заедницата на турските општини
од Анкара и донираше на општина Гевгелија камион за дистрибуција на комунален отпад. Донацијата ја најави претседателот на Големото Собранието на Република Турција, Мустафа Шентоп, кој на почетокот од јули годинава престојуваше во посета на Гевгелија и имаше средба со градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков. Камионот Форд-карго, по обавените царински формалнолсти, веќе пристигна во Гевгелија.
Камионот за дистрибуција на комунален отпад е со носивост од 9.000 метри кубни, а вредноста му е 85.000 евра. Камионот се очекува да биде официјално предаден на Општина Гевгелија на свеченоста закажана на 21 декември 2019 година во Скопје.