Поголема искористеност на туристичките потенцијали
Гевгелија располага со големи компаративни
предности за развој на повеќе туристички гранки, а Стратегијата за развој на туризмот во општина Гевгелија 2019-2024. Претставува добра основа за тоа. Ова беше заедничка оценка изречена на денешната промоција на овој стратешки документ, одржана на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија. Стратегијата за развој на туризмот во општина Гевгелија 2019-2024 беше изработена од страна на општина Гевгелија во соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија.
Присутните на промоцијата, меѓу кои беа и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Северна Македонија, Љупчо Јаневски, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и претседателот на Советот на општина Гевгелија, Тодор Ристов, најпрво, ги поздрави досегашниот декан на Факултетотот за туризам и бизнис логистикапроф.д-р Никола Димитров, оценувајќи дека гевгелиското поднебје ги поседува сите погодности за развој на повеќе туристички гранки, а посебно значајна е можност што ја нуди прекуграничната соработка.
Новоизбраниот декан на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф.д-р Татјана Бошков, истакна дека Студијата за развој на туризмот во општина Гевгелија е најдобра потврда за за успешната соработка на локалната самоуправа и факултетот, што претставува светски тренд, бидејќи бенефитите од поврзувањето на науката со практиката се неминовни. Поточно, од развојот на туризмот бенефитите се подеднакви и заеднички како за општината, така и за универзитетот.
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, во своето обраќање ја истакна значајноста на овој стратешки документ и определбата на општината туризмот да има значајно место во локалниот економски развој. Стратегијата ги нуди насоките, а наша обврска е да обезбедиме поголема искористеност на туристичките потенцијали, рече Поцков, нагласувајќи дека соработката на општината со оваа и со другите високообразовни институции ќе продолжи, бидејќи резултатите се очигледни и конкретни.
Директорот на Агенцијата за промоција на и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски на промоцијата ги презентираше последните туристички остварувања, од кои дел потекнуваат од ова поднебје. Годинава во Република Северна Македонија престојувале 1,3 милиони туристи, притоа, биле регистрирани 3,5 милиони ноќевања. Во првиот квартал од годината остварен е девизен прилив од 3,5 милиони доилари, кој до крајот на 2019 година ќе биде заокружен на 4 милиони долари. Ваквите остварувања и очекувања годинава во земјата да бидат евидентирани 1,5 милион туристи, како и фактот дека во туристичката дејност се вработени 50.000 лица, се добра причина за развој на туризмот, рече Јаневски.
Во работата на Стратегијата учествуваа 12 професори на Факултетот за туризам и бизнис логистика, како и студентите на овој факултет. Во име на авторите се обратија професорите д-р Марија Магдинчева Шопова и д-р Васко Шутаров, кои оценија дека Стратеијата е добра основа за развој на турисмот во општината.Гевгелија ја има таа привилегија да поседува погодности за развој на скоро секоја туристичка гранка што претставува значајна предност која треба да се искористи. Поебно, фактот дека општината е еколошки заштитена, која погодност, во услови на зголемено аеро загадување, треба да се искористи и афирмира, нагласија авторите.