На улица „Индустриска“ се гради атмосферска канализација,а на Караорман водоводна мрежа
Во Гевгелија во тек е изведбата на две локации
за подобрување на комуналната инфраструктура. На улицата „Индустриска“ во стопанската зона на влезот од Гевгелија, се гради атмосферска канализација. И тоа, на дел од оваа улица, како и на дел од новопланираната сервисна улица бр.5. Вредноста на целиот зафат чини 3.028.246 денари, од кои 1.735.016 денари се грант добиен преку проектот Подобрување на општинските услуги (МСИП). Додека 1.293.230 денари се сопствено учество на општината.
Исто така, изведбени работи има и во Караорман, каде што се гради водоводна мрежа на сервисните улици „Галилео Галилеј”, „Апостол Петков” и „Павел Шатев”, во оваа во станбена населба. Вредноста на овој проект е 4.501.176 денари, од кои 4.173.571 денари се грант обезбедени преку Проектот за подобрување на општинските услуви (МСИП), додека 327.605 денари се сопствено учество.
И двата гранта и се доделени на Општина Гевгелија за успешно реализираните проекти за водоснабдување и за изградба на училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“, кои беа реализирани и финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка).