Општина Гевгелија додели стипендии на тројца студенти на медицина
Општина Гевгелија додели три стипендии на
исто толку студенти на Медицинските факултети во земјата. Врз основа на одлуката на Советот на Општина Гевгелија, на студентите од прва година Катерина Узунова од Негорци, на Медицинскиот факултет во Штип, Елена Василева, од Гевгелија, на Медицински факултет во Скопје и Љубица Калинова од Гевгелија, на Медицински факултет во Штип, им е доделена стипендија во износ на 6.000 денари за студијската 2019/2020 година.
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков потпиша договори со корисниците на општинската стипендија посакувајќи им успех во натамошното студирање. По успешно завршената прва година, општина Гевгелија ќе продолжи со стипендирањето на студентите, кои се пријавија на огласот и ги исполнија бараните услови. Со стипендирањето на студенти на Медицинските факултети во земјата, Општина Гевгелија настојува да го зголеми бројот на лекари по општа медицина во општината.